(ФОТО) Пендаровски на папата Франциск му го подари најновиот дрес на фудбалската репрезентација
Македонскиот претседател Стево Пендаровски на денешната аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан му подари дрес од македонската фудбалска репрезентација која за прв пат ќе настапи на Европското првенство ова лето.
„Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното ЕУРО 2021. Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното европско првенство“, објави Пендаровски.

Шефот на државата во Рим е придружуван од сопругата Елизабета, а таму се заедно со бугарскиот претседател Румен Радев за да ги чествуваат Светите браќа Кирил и Методиј.
„Добивме поддршка и благослов да продолжиме посветено да работиме за мир, среќа и благосостојба на сите наши граѓани“, дополни Пендаровски по средбата со поглаварот на Римокатоличката црква, а воедно му се заблагодарил и на неговата посета во Македонија
