Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО ОБНОВЕНО) ПАТОТ СКОПЈЕ - ВЕЛЕС И ОБРАТНО ВО ПРЕКИН: Излизгани возила-заглавени граѓани бараат помош!

(ВИДЕО-ФОТО ОБНОВЕНО) ПАТОТ СКОПЈЕ - ВЕЛЕС И ОБРАТНО ВО ПРЕКИН: Излизгани возила-заглавени граѓани бараат помош!

Снегот се обидува да направи проблеми и во Македонија.



Во моментов патот Скопје-Велес и обратно е во прекин поради парализиран сообраќај и излизгани возила.

Читатели до нашиот портал испратија фотографии и бараат помош. Велат дека на Велешко брдо се заглавени два и пол часа во место а помош нема од никаде и дека го информирале центарот за управување со кризи.

Засега состојбата во главниот град е под контрола бидејќи патиштата се посипани со сол и се проодни. 

А зошто никој не реагирал на ова критично место и не е прооден патот во момент кога многу семејства се прибираат кон внатрешноста не е познато и надлежните немаат оправдување.

Апелите беа до граѓаните да не патуваат и да не излегуваат од дома ако немаат потреба, но каде се екипите сега да излезат на терен, или се е само на збор?

Надлежни, јавете се!

АМСМ информираше и дека од 19:30 часот на патните правци Кавадарци - Неготино и Охрид - Ресен кај превој Буково поради превртени тешки моторни возила, сообраќајот е во целосен прекин.

Слично

Поврзани вести