Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: „ПАДНА“ УШТЕ ЕДНА ДИВОГРАДБА ВО ЦЕНТАР: Герасимовски продолжува со рушење на бесправно изградените објекти

ФОТО: „ПАДНА“ УШТЕ ЕДНА ДИВОГРАДБА ВО ЦЕНТАР: Герасимовски продолжува со рушење на бесправно изградените објекти

Во рамки на обемната акција за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урнала нелегалната доградба на деловен објект на улица „Орце Николов“ бр. 139 во Дебар Маало.

Како што информираат од прес-службата на Општина Центар, конструкцијата со димензии 15 x 5,7 метри била изградена без одобрение за градење и го узурпирала заедничкиот простор предвиден за граѓаните.

-Јавните површини  во Центар им припаѓаат на сите граѓани и нема да дозволиме да се претвораат во приватни имоти поради самоволие на поединци. Секој бесправно изграден или незаконски поставен објект ќе биде санкциониран со соодветни решенија и постапки за негово отстранување, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Од општината информираат дека градежниот инспектор издал решение со кое на инвеститорот „Екотон  Дизајн“ му било наложено да ја отстрани нелегалната доградба и бидејќи инвеститорот не постапил по решението и по неколкуте опомени, општинските служби ја отстраниле бесправно изградената конструкција.


-Општина Центар спроведува континуирана акција за воспоставување ред на јавните површини, со засилени инспекциски контроли и активности за расчистување на нелегално поставени објекти. Целта е заштита на јавниот интерес и враќање на просторот на граѓаните, како дел од пошироката стратегија за уредување и подобрување на урбаниот простор во општината, посочуваат од Општина Центар. 


Слично

Поврзани вести