Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Ова е велешанецот кој прв ќе отслужува куќен притвор со електронска алка

(ФОТО) Ова е велешанецот кој прв ќе отслужува куќен притвор со електронска алка

Управата за извршување на санкции денес објави дека алката на осудениот 79 годишен велешанец е поставена и дека тој е првиот што ќе отслужува куќен притвор со електронски надзор.
Седумдесет и деветгодишен жител на Велес е првото лице во државата кое ќе ја издржува затворската казна во својот дом, со електронска алка на ногата.Тој е осуден на три месеци куќен затвор за полово вознемирување. Како што информираат од Управата за извршување санкции, по одбивањето на неговото барање за одложување на извршувањето, ќе се спроведе индивидуална програма од пробациски службеник. Ова е прва реализација на најавениот проект за електронски алки, со кој се очекува да се намали пренатрупаноста во затворите, каде што моментално има околу 2.300 затвореници и 400 притвореници. Алките се наменети за стари и изнемоштени лица, бремени жени, мајки со мали деца, тешко болни и лица со инвалидитет. Веќе 60 осуденици имаат аплицирано за оваа можност.

„Денеска од страна на овластени службеници од Секторот за пробација во Чашка, Велес за прв пат беше поставена опремата за електронски надзор со што започна извршувањето на првата изречена пресуда куќен затвор.

Врз осуденото лице беше поставена алка на глуждот на ногата. Истиот нема да смее да го напушта своето живеалиште во времетраење од три месеци , а лицето има право на престој на свеж воздух од најмногу два часа.

Во случај на непочитување на упатствата за користење на опремата за електронски надзор и ограничувањата дадени од судот, пробациските службеници ќе го известат судот, согласно одредбите од Законот за пробација.

Притоа, овој начин на извршување на казната е поекономичен за државата, а имајќи ја предвид возраста на сторителот воедно претставува и похуман начин на извршување на казната“, објави Управата.


Слично

Поврзани вести