Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ОВА Е НАВИСТИНА ПОДОБРО ОД ПЕПЕЛИШТЕ - музичарите сега се на чисто во Демир Капија

(ФОТО) ОВА Е НАВИСТИНА ПОДОБРО ОД ПЕПЕЛИШТЕ - музичарите сега се на чисто во Демир Капија

Како тече карантинот на 11 граѓани кои се наоѓаат во самоизолација во депандансот Демир Капија во близина на селото Ергеле.

Како што е познато, тие луѓе прво беа во кампот Пепелиште, но откако пред јавноста се пожалија на нехигиена, што беше споделено преку драматично видео, беа префрлени во Демир Капија. 

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека во депандансот Демир Капија, кој се наоѓа во атарот на село Ергеле, во моментов се сместени 11 лица за кои е потребна изолација, согласно мерките за превенција и спречување на ширење на КОВИД-19.

„Во објектот се обезбедени сите услови за престој на лицата, редовно се доставуваат средства за хигиена,  оброците се дистрибуираат спакувани во индивидуални порции, а здравствена заштита е обезбедена од мобилни здравствени тимови. ​ Дополнително, секојдневно се спроведува дезинфекција на објектот“, велат од ресорот за труд и социјала.

Министерството, како што велат оттаму, со поддршка на меѓународните организации,  минатата година целосно го реновирале објектот и истиот е пристапен и за лица со физичка попреченост. 

„Во редовни услови, овој објект ќе функционира како давател на социјални услуги кои не вклучуваат долгорочно згрижување, како што е одмена на семејна грижа и слично“, велат од труд и социјала.

Слично

Поврзани вести