(ФОТО) ОВА Е МЕСТОТО КАДЕ ШТО БАНКОМАТОТ БЕШЕ КРЕНАТ ВО ВОЗДУХ: Останаа само распрскани парчиња
Вака изгледа
местото каде што утринава со експлозив беше кренат во воздух банкоматот во
скопската населба Бутел. На плочникот се останати само распрскани парчиња,
остатоци од него. Оштетените возила кои беа во непосредна близина се
отстранети.

Инаку, крадците не успеале да ги земат парите.
Инцидентот се случи рано утринава, кога пред 4.00 часот било пријавено на банкомат во Бител е поставена бомба.
Од МВР соопштија дека нема повредени и направен е полициски увид.

- На 06.06.2023 во 03.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале. Од детонацијата се оштетени три возила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопштија од МВР.

