(ФОТО) Отворени вратите на прес центарот во Собрание каде беа нападнати пратениците
Денеска МВР ги отвори вратите каде се случи злостроството на крвавиот четврток 27 април.

Во прес центарот денеска медиумите и новинарските екипи беа повикани да си ја подигнат опремата која им остана „жива“ после нападот на демонстранти од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Со снимателските стативи по глава беа удирани пратениците кои се најдоа затекнати во собранискиот прес центар.
Таму во моментов се врши увид и опремата им се дава на телевизиите.
Фото: Фактор
Слично
