(ФОТО) ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи објави дека акцијата за чистење на градот е почната.
Вети дека за брзо, градот ќе блесне.
„Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне - уредено и достоинствено, токму како што доликува“, пишува тој.
Ѓорѓиевски денеска ја презема функцијата од екс градоначалничката Данела Арсовска. Тој најави и ревизија.







Слично
