(ФОТО) Охрид започна со интензивна дезинфекција откако си заминаа скопјани
Согласно препораките на Кризниот штаб, Општина Охрид денеска претпладне како превенција против корона вирусот „Ковид 19“ преку екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ изврши интензивна дезинфекција на јавните површини во градот.

„Со средство за дезинфекција се изврши миење на улиците во централното градско подрачје, градскиот кеј и чаршијата. Дезинфекцијата на јавните површини ќе продолжи интензивно и во текот на наредниот период“ информира Константин Георгиевски, градоначалникот на Охрид.

Во саботата Кризниот штаб на Охрид донесе одлука по завршување на продолжениот викенд да се врши интензивна дезинфекција на улиците, јавните површини и станбените објекти, откако граѓани од општините под карантин, претежно од Скопје, масовно заминаа на продолжен викенд во овој град.

