(ФОТО) Охрид СОС: Се подига огромен објект во чаршијата, откако општината ги исече децениски старите дрвја
Иако подлежи под Закон за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, во охридската чаршија се подигнува нов објект, а екоактивистите од Охрид СОС, приложувајќи фотографии, алармираат дека таму претходно општината ги исекла децениски старите дрвја.
„Додека „стручната фела“ замижува и се прави наудрена, деновиве кон крајот на чаршијата се подигнува еден огромен објект, кој според обемот и големината отскокнува од околните објекти. Минатата година, за да започнат градежни работи на овој дел, службите на Општина Охрид исекоа неколку децениски стебла а од механизацијата е оштетено и партерното уредување.
Но ништо од тоа не е важно, ако се знае дека институциите на прво место го ставаат интересот на поединците, наместо јавниот интерес. Објектот е видлив и од страната на паркингот. Додека се предлага градот да формира стручно тело кое ќе комуницира со УНЕСКО, „еден Борд кој ќе го сочинуваат архитекти и други професионалци“ неповратно го губиме културното наследство и специфичните градски четврти“, објави Охрид СОС.

Слично
