Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Одронот кај Катланово го парализира сообракајот!

(ФОТО) Одронот кај Катланово го парализира сообракајот!

На патниот правец Катланово - Велес од 12 часот, поради поголем одрон зафатени се двете коловозни ленти и сообраќајот е во целосен прекин за сите видови на моторни возила. Во моментов се работи на расчистување на одронот. Како алтернатива се препорачува да се користи патниот правец Куманово - Свети Николе.

skopje veles 3

skopje veles 2

skopje veles 1

Поради свлечиште на патниот правец А3 Прилеп-Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е во целосен прекин за сите видови на возила. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола.

На патниот правец Удово – Гевгелија, на клучката кај с.Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

На регионалниот пат Гевгелија - Смрдлива вода, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента поради појава на свлечиште.

На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази дојдено е до попуштање на патот преку двете коловозни ленти (расцеп околу 20см). Сообраќајот е комплетно стопиран за сите видови на моторни возила , а се пренасочува преку с. Киселица, с Ратавица, с. Леговец и Пробиштип.

Слично

Поврзани вести