(ФОТО) Од „Проспорт“ украдени вредни велосипеди - ако ги препознаете сторителите, пријавете!
Продажниот салон „Проспорт“, на ул.„Дебарца" бр.13, синоќа е ограбен, при што низ скршеното стакло од влезната врата се изнесени неколку скапи велосипеди.
„Доколку знаете нешто повеќе за случајот, или пак ги имате здогледано во текот на ноќта или можеби ги препознавате луѓето од приложениве слики би Ве замолиле да ни се обратите тука или телефонски на 023212108, за полесно и побрзо да ги најдеме. Ви благодариме на помошта и поддршката, секоја трага, информација и секое ваше споделување на објавава ќе ни значат навистина во потрагата по разбојнициве“ - наведуваат од компанијата на профилот на Фејсбук.
На социјалните мрежи објавија и фотографии.


Слично
