(ФОТО) „Од еуфорија“ камион пропадна во џампинг џет фонтаната на плоштадот во Скопје
Неочекувана работа им се случи на организаторите на свечената церемонија за дочекот на ракометарите пред бината на плоштадот во Скопје.

Камион пропадна и ја искрши џампинг џет фонтаната. За брзо време, камионот беше извлечен а местото на оштетената фонтана е покриено со дрвени даски.
Оваа фонтана чинеше речиси 2.5 милиони евра.
Меѓутоа, сега акцентот е ставен на македонскиот ракометен шампион, па откако ќе спласне еуфоријата која ќе ескалира токму на плоштад, надлежните ќе ја поправат фонтаната која повторно ќе има визуелен ефект со игра на млазевите, а навечер и со игра на светлата.
Ракометарите се на пат кон плоштад а таму има навистина премногу народ.
Слично
