Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Новата „адреса“ на Катица Јанева

(ФОТО) Новата „адреса“ на Катица Јанева

ФОТО: ФАКТОР 

Во зграда на улица Миторполит Теодосиј Гологанов во центарот на Скопје спроти студентскиот дом Кузман Јосифовски - Питу е новата адреса на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Во овој момент пред зградата каде што престојува екс шефицата на СЈО е мирно. Фактор не забележа ниту полициско присуство.

Домашниот притвор кој и беше одреден синоќа ќе го издржува во станот на својот син и од тука ќе го чека почетокот на судското рочиште за случајот „Рекет“ на 3 декември.

Јанева, заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милевски, се обвинети по завршувањето на првиот дел од истрагата.

Јанева до вчерашната одлука на Апелација три месеци се наоѓаше во истражниот затвор во Шуто Оризари, а пред да биде приведена престојуваше во скопската населба Козле.


Слично

Поврзани вести