(ФОТО) Невреме го зафати Скопје, улицата Јордан Мијалков е затворена
Невреме го зафати Скопје, улицата Јордан Мијалков е затворена поради обилните дождови.
Едно возило е поплавено. Невреме зафати и делови од Македонија.
Поради силното невреме кое во текот на денешниот ден го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Слично
