(ФОТО) Некогаш гореше во центарот на Скопје, а синоќа таму се одржа прекрасен концерт
Шалтер салата на дирекцијата на АД Пошта, која пламна во голем пожар во 2013, и никогаш потоа не беше ставена во функција, синоќа послужи како простор за концерт на Љубомир Мелник - најбрзиот пијанист на светот и наедно композитор.

“Уште првиот миг кога зачекорив внатре не можев да поверувам, тоа беше најубавиот простор каде сум бил во мојот живот. Дури и уништен тој е музеј на уметноста со одлична акустика, своевиден културен центар кој треба да го види целиот свет”, рече Мелник по концертот.

Публиката коментираше дека ако руината Пошта не функционира за испорака на пратки, барем оваа „руина на културата“ секогаш на време ќе функционира уметнички под палката на уметниците.

- Благодарност до Младински културен центар за партнерскиот однос и промоцијата на убавините на нашата држава и град, преку организацијата на концертот на светскиот пијанист и композитор, виртуозот Љубомир Мелник.
По моето доаѓање немав никаква дилема дека овој дел од АД Пошта, треба и мора да биде отворен за сите сценски убавини, за сите убавини кои ни ги подарува уметноста, искоментира, гласеше коментарот на Јани Макрадули, директорот на претпријатието.


Слично
