Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) НАСТАВНИЦИТЕ СЕ ИЗРИЧНО ПРОТИВ СПОЈУВАЊЕТО НА ПРЕДМЕТИ - протест на Независниот синдикат за образование и наука

(ФОТО) НАСТАВНИЦИТЕ СЕ ИЗРИЧНО ПРОТИВ СПОЈУВАЊЕТО НА ПРЕДМЕТИ - протест на Независниот синдикат за образование и наука

Денеска се одржа протест на просветните работници. Тие се залагаат и бараат почтиување на колективните договори, а се против најавеното спојување на предмети од септември. 

Носејќи бројни транспаренти, наставниците поддржани од Независниот синдикат за образование и наука денеска го искажаа своето незадоволство од состојбата во образованиот систем во во земјава.

Според претседателот на овој синдикат, Томислав Гиевски, со спојувањето на предметите може да се прегази професионалноста на наставниците. 

Некои од наставниците кои беа на протестот, сметаат и дека со спојувањето на предметите учениците ќе загубат, бидејќи се воведува еден концепт кој дополнително ќе го искомплицира образовниот систем.

Протестантите најавија и дека доколку институциите продолжат да ги игнорираат нивните барања, тие ќе ги радикализираат своите синдикални чекори.

Фото: Вангел Тануровски

Слично

Поврзани вести