(ФОТО) Намалување на трошоците за извршители и нотари
Премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска во Владата го презентираа планот за намалување на трошоците на граѓаните наметнати од извршителите и нотарите.
- За сметки за парно до 15.000 денари ќе се исклучат трошоците за адвокати, на пример, при постапка од извршители. Извршниот налог од 20 евра сега ќе биде 2 евра. Вкупно се ревидираат 16 ставки од тарифникот на извршителите, од кои некои се намалуваат за 50 отсто, а некои и повеќе од 50 отсто. Наградите се намалени, платни налози за трошоци нема да може да бидат повисоки од 20 отсто од вкупниот долг. Во прашање се илјадници семејства и загрижени граѓани - рече Заев.
Министерката Дескоска табеларно ги презентираше намалувањата на трошоците.
- Многу професии нема да бидат среќни од оваа измена, но граѓаните го имаат главниот збор, ова е социјална држава - рече министерката Дескоска.
Во продолжение табелите од намалувањето на ставките, кои ќе ги намали долговите за одблокирање на сметките.






