Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) НАЈСИЛНОТО НЕВРЕМЕ ГОДИНАВА: Скопје плива под вода

(ФОТО) НАЈСИЛНОТО НЕВРЕМЕ ГОДИНАВА: Скопје плива под вода

Обилните врнежи и овој пат го блокираа главниот град.

Силното невреме кое го зафати Скопје ги поплави речиси сите сообраќајници во Скопје.

poplava-640x360

Преку социјалните мрежи постојано се постираат фотографии од сообраќајот каде е во прекин.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/08/06/video-silno-nevreme-go-zafati-skopje/" target="blank" ]ВИДЕО: Силно невреме го зафати Скопје[/button]

Населба Автокоманда, во близина на хотелот Континентал, Улица Рилски Конгрес, населба Водно , Булевар Србија, сообраќајот е во прекин – заглавени се неколку возила, Булевар Кочо Рацин, кај Тинексот во близина на ГТЦ ,Улица Иван Козаров, Кисела Вода...се погодени од поплавите.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/BOFaanUseXI[/embed]

Силни електрични празнења се забележани во периодот помеѓу 17 и 19 часот и достигна бројка околу 800 (за целото скопско подрачје).

А според информации на Метеопро скопскиот региион е зафатен од најсилното невреме годинава, и едно од посилните во изминативе години.

Во моментов сите екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираат на терен во насока на оспособување на сообраќајниците каде се појавија поплавувања.

poplava skopje

Град Скопје апелира граѓаните да останат во нивните домови и да не излегуваат со возила се додека не престане невремето и не се создадат услови за нормално одвивање на сообраќајот.

Дополнително, апелираат до сите лица кои се со моторни возила и се во моментов затечени во сообраќај од невремето, истите да останат во нивните возила, да не се движат (возат) и да почекаат да заврши невремето и да се нормализираат условите за одвивање на сообраќај.

Фото: Фејсбук

Слично

Поврзани вести