(ФОТО) Набавени се 120 нови полициски возила за униформираната полиција.
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес ги претставија новите 120 возила набавени за униформираната полиција.


„По 15 години, македонската полиција добива 120 нови службени возила. Ова не е само набавка – ова е инвестиција во безбедноста на граѓаните и во достоинството на полицаецот.“,објави Тошковски.


Возилата се целосно опремени возила и ќе бидат распоредени низ целата држава. Овие возила се опремени со најсовремена технологија, вклучително и ТЕТРА системи, коja овозможува директен пристап до потребните информации и евиденции.



Дополнително, обезбедена е и петгодишна гаранција и редовен сервис. Тошковски за набавката и се заблагодари и на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
Слично
