Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) НА БОГОРОДИЦА „МИТИНГ“ ОД АВТОМОБИЛИ - за влез во Грција се чека и до час и половина

(ФОТО) НА БОГОРОДИЦА „МИТИНГ“ ОД АВТОМОБИЛИ - за влез во Грција се чека и до час и половина

Граничниот премин Богородица на грчката граница е преполн со автомобили. 

Читатели за Фактор сведочат дека на местата каде што чекаат во долгите колони со возила, не можат ни да ја видат границата со соседната држава. 

Тие за Фактор испратија и фотографии, од кои се гледа колку се долги колоните со автомобили кои сакаат да ја преминат грчката граница. 

Според граѓаните, најмалку од еден час до час и половина се потребни за да се влезе во соседна Грција.

Ова не е ни за изненадување, ако се има предвид дека токму средината на јули до средината на август се смета за „пик“ во користење на годишните одмори, но и ако се има предвид дека за следните десетина дена во земјава се најавени екстремно високи температури, кои ќе достигнат и над 40 степени целзиусови. 

Слично

Поврзани вести