(ФОТО) Му посакавме добредојде на Курц со погрешно знаме
Австрискиот канцелар ја даде поддршката на Македонија за влез во НАТО и ЕУ, но ние го пречекавме со погрешно знаме.
Наместо австриското, пред платото на Владата каде свечено беше пречекан Себастијан Курц се вееше латвиско знаме.

Можеби не е толку забележителна грешката, а први ја забележаа медиумите во Австрија кои ја пренесуваат посетата на Курц во земјава.

Разликата во двете знамиња е навистина мала, а се разликуваат по белата линија во средина која на латвиското знаме е потесна, додека на австриското е еднаква со двете црвени странични ленти, односно сите три се еднакво поделени.

Слично
