Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Мостот на кој требаше да има панорамско тркало од 18 милиони евра наскоро се пушта во употреба

(ФОТО) Мостот на кој требаше да има панорамско тркало од 18 милиони евра наскоро се пушта во употреба

Петре Шилегов, градоначалникот на Град Скопје, објави дека наскоро ќе биде пуштен во употреба мостот на кој требаше да биде изградено панорамското тркало во вредност од 18 милиони евра.

„Нема панорамско, скоро е готов, набргу го ослободуваме и кејот, после долги години. Нов мост во Скопје !“, напиша Шилегов на Фејсбук и ги објави фотографиите.

Поради изградбата на мостот, ова беше единствената точка на кејот на Вардар на која пешаците и велосипедистите не можеа да минуваат слободно, туку со години мораше да кружат од околу.

Со доаѓањето на новата централна, а особено локална власт, беше одлучено парите кои инаку требаше да ги чува ЈСП-Скопје да не бидат потрошени за панорамското тркало, туку само да се изгради мостот.


Слично

Поврзани вести