Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: Молотов коктел фрлен врз кафулето Круг

Фото: Молотов коктел фрлен врз кафулето Круг

Вчера со молотов коктел бил нападнат кафе барот Круг кој се наоѓа во Дебар маало, а инцидентот се случил рано утринава околу 4 часот. 

„На 19.12.2017 година во 03.50 часот во Скопје, на улицa „Наум Наумовски Борче“ во угостителски објект соственост на З.К.(46) од Скопје, од страна на непознат сторител фрлено е стаклено шише во кое најверојатно имало запалива материја и на местото каде што паднало, настанал пожар. Пожарот е локализиран од страна на чуварот во угостителскиот објект, при што скршено е стакло од влезната врата од локалот, а повредени лица нема. Извршен е увид на место на настанот, се преземаат мерки за расчистување на случајот“ информираат од МВР.

Причинета е само материјална штета и нема повредени. Во моментот кога бил фрлен „молотовиот коктел“ во локалот се наоѓал и сопственикот.

Слично

Поврзани вести