(ФОТО) МОЛК И СВЕТЛА: Бројни граѓани на скопскиот плоштад оддаваат почит на загинатите во Кочани
Граѓани од сите возрасти излегоа вечерва на скопскиот плоштад, за да оддадат почит на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани.
Граѓаните палеа свеќи, но и светеа со своите мобилни телефони. Преку транспарентите кои ги носеа искажаа револт против корупцијата која е присутна во земјава. Во Кочани во неделата загинаа 59 луѓе. Откриени се повеќе пропусти во дискотеката, а има и приведени кои завршија во притвор за случајот.







Слично
