Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) МИНИСТЕРКАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЦАРОВСКА СО ЛИЧЕН ПРИМЕР - го испрати своето „третаче“ на физичка настава

(ФОТО) МИНИСТЕРКАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЦАРОВСКА СО ЛИЧЕН ПРИМЕР - го испрати своето „третаче“ на физичка настава

Министерката за образование Мила Царовска денеска преку личен пример покажа како треба да се однесуваат дечињата кои ќе тргнат во училиште со физичко присуство, а тоа се оние од прво до трето одделение. Но, како и нивните родиели треба да ги советуваат и да ги подготват да оваа, многу поинаква учебна година од другите. 
Таа и нејзиниот сопруг денеска го испратија на училиште синчето Давид.
„Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила. Не ја вади маската, држи растојание од другарчињата и често миј раце“, му порачав на син ми Давид, кој денеска започнува трето одделение. 
Ова министерката го напиша на својотр фејсбук профил, објавувајќи и убави фотографии од тргнувањето во училиште на нејзиниот син.

Вели дека ова е нејзината порака и до сите деца.
„Ова е мојата порака и до сите деца кои денеска седнуваат за училишните клупи. Бидете внимателни, заштете се себе, а со тоа ги чувате и сите околу вас. Почитувајте ги наставниците и грижете се едни за други. Оваа училишна година е навистина различна, Ковид ни наметна нови правила. Но, не дозволувајте ништо да ве спречи да продолжите да учите, да се развивате и да ги следите своите соништа. Среќно!“, им посака министерката Царовска на сите ученици. 

Инаку, денеска, во услови на пандемија предизвикана од појавата и ширењето на вирусот Ковид-19, официјално почна новата учебна година во земјава. 

Согласно Планот и протоколите за организација кои ги подготвија институциите на системот во меѓусебна соработка и со поддршка на бројни засегнати чинители,  наставата ќе се реализира и со физичко присуство и од далечина. 

Министерката Царовска потенцираше дека оваа година ќе биде многу поразлична од другите бидејќи, како што рече, пандемијата предзвика тектонски промени во нашите животи, а образовниот процес за многу кратко време мораше да претрпи целосна трансформација. Изрази благодарност до сите што помогнаа во организацијата за успешен старт и очекува соработката да продолжи и во периодот што следи.

„Со задоволство можам да кажам дека ја завршивме успешно обуката на наставниците за користење на платформата. 1.600 наставници ги поминаа обуките од мастер тренерите и станаа училишни обучувачи. Тие понатаму ги обучуваа наставниците во сите училишта во државата. Најважно е што во секое училиште имаме училишни обучувачи кои вештините за работење на платформата ги пренесуваат на нивните колеги и ќе бидат нивна поддршка“, нагласи Царовска, додавајќи дека колегите од ФИНКИ во текот на целата учебна година ќе бидат на располагање за наставниците, родителите и учениците, а со цел навремено надминување на евентуални предизвици од техничка природа.

Слично

Поврзани вести