Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Министерката Ангеловска возеше велосипед со холандскиот амбасадор

(ФОТО) Министерката Ангеловска возеше велосипед со холандскиот амбасадор


Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска возеше велосипед заедно со холандскиот амбасадор во Скопје, Дирк Јан Коп, во Градскиот парк во главниот град.
Истовремено било договорено Македонија да учи од Холандија како да го реформира системот на јавни финансии во земјава. 

Помеѓу двете министерства ќе се потпише нов Меморандум за соработка со кој ќе се соработува во насока на реформите во јавната внатрешна финансиска контрола, даночната политика, буџетот, јавниот долг. 

На средбата беше зборувано и за размена на искуства за јавни приватни партнерства.

Во последните 25 години Холандија има инвестирано преку 250 милиони евра како поддршка за македонските институции, приватниот сектор, граѓанското општество, медиумите, културата и образованието. 


Слично

Поврзани вести