Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) МИХАИЛ И ТЕОДОРА-ПРВИТЕ БЕБИЊА ВО 2022: Да бидат најголемата гордост и среќа на нивните родители, посака Филипче

(ФОТО) МИХАИЛ И ТЕОДОРА-ПРВИТЕ БЕБИЊА ВО 2022: Да бидат најголемата гордост и среќа на нивните родители, посака Филипче

Радост на Клиниката за гинекологија донесоа двете бебиња кои се родија, минута, односно две минути по полноќ. Првото е машко и се вика Михаил, второто е девојче-Теодора. 

Министерот Венко Филипче им посака многу здравје и да бидат најголема гордост на нивните родители. 

-Михаил и Теодора се првите бебиња кои се родија на УК ГАК во Скопје. Михаил се роди во 00:01 часот и е само една минута постар од Теодора. Двете бебиња се родија здрави и се чувствуваат добро, како и нивните мајки. 

На малите им посакувам многу здравје, да бидат најголемата гордост и среќа на нивните родители. 

На семејствата Стошиќ и Петровски им ја честитам Нова Година поубаво не можеше да почне, напиша Филипче во објавата на Фејсбук.



Слично

Поврзани вести