(ФОТО) Мицкоски со сопругата Рози на отворањето на „Браќа Манаки“
Премиерот Христијан Мицкоски со сопругата Рози Мицкоска присуствуваше на церемонијата на отворање на 45. јубилејно издание на ИФФК “Браќа Манаки” синоќа во Битола.

„Вечерва заедно со сопругата Рози, присуствувавме на отворањето на филмскиот фестивал Браќа Манаки во Битола.Традиција која мора да се почитува!“, објави премиерот.

Мицкоски му ја додели наградата на францускиот кинематографер Бруно Делбонел, добитникот на наградата „Златна камера 300 за животен опус“.



Слично
