(ФОТО) Мицкоски со синот во Вашингтон
Поранешната министерка за одбрана и доскорешен кандидат за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска, објави дека еден од синовите на Христијан Мицкјоски бил заедно со премиерот и владината делегација при посетата на Самитот на САД во Вашингтон.
„Прво владино патување, прв скандал! Асистенотот на татко му а сега премиер си го земал син му во делегација во САД!
Ова младо дете на фотографијата не е најдобриот студент во Македонија. Не е ниту стипендист на државата. Не е учесник на некој конкурс или јавен повик за студенти, па како награда да биде дел од државната делегација предводена од Премиерот Мицкоски. Се прашуваше кој е? Синот на Христијан Мицкоски.
Да, првото официјално владино патување го претвори во семејно патување. Не се чудете, Мицкоски напредуваше во кариерата како асистент на сопствениот татко“, објави пратеничката.
Сепак додека Петровска беше министерка за одбрана, лани тогашниот премиер Димитар Ковачевски ги поведе со себе своите деца при посетатат на САД и средбите со високи американски функционери. Ковачевски кога се врати рече дека неговите син и ќерка не патувале на товар на државата.
Слично
