Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Мицкоски, Силјановска и Ѓорчев му се поклонија на Трајковски

(ФОТО) Мицкоски, Силјановска и Ѓорчев му се поклонија на Трајковски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со кандидатот за претседател на земјата Гордана Силјановска Давкова и нејзиниот противкандидат кој загуби во внатрепартискиот избор - Влатко Ѓорчев го посетија вечното почивалиште на поранешниот шеф на државата Борис Трајковски на 15-годишнината од неговата смрт.

Откако Мицкоски положи цвеќе на својот Фејсбук профил тој порача дека заслугите на Трајковски остануваат да се паметат.

„Верувам во Македонија!- беа зборовите на претседателот Борис Трајковски. 15 години подоцна нивното значење подеднакво е актуелно и значајно. Претседателот Трајковски останува да се памети, како и неговите заслуги за нашата Македонија, а наша задача е да веруваме во Македонија и заеднички да ја создадеме иднината. На Македонија и е потребно лидерство и победи! Тоа заеднички ќе го оствариме“-порача Мицкоски.


Слично

Поврзани вести