Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Мицкоски на Попова Шапка

(ФОТО) Мицкоски на Попова Шапка

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во придружба на свои сопартијци беше во посета на Попова Шапка на манастирот Св.Наум Охридски Чудотворец, истоимениот храм како и денешниот православен празник.

„Денес бев во посета на манастирот Св Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка. На граѓаните кои го слават празникот и на присутното свештенство им го честитав денешниот православен празник со желби за благосостојба здравје и напредок. Делото на СВ Наум Охридски не учи дека просветителството, добрините и праведниот живот се вистинскиот начин кој го осветлува патот и ги победува неправдите. Нашата земја денес се соочува со бројни предизвици, граѓаните живеат тешко и во несигурност. Навидум чуството за безизлезност не смее да ја победи надежта дека може и мора подобро. Сите заедно мора да ја реализираме нашата заложба за промени кон подобро и решавање на напластените проблеми. Цврсто верувајќи во граѓаните и нивната свесност за состојбите верувам дека ќе бидат победени неправдите и дека подобрата иднина ќе дојде за сите во нашата земја“, напиша Мицкоски на својот профил.


Слично

Поврзани вести