Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Мицкоски беше во Тирана на отворање на новите канцеларии на Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, жали што во Пиринскиот дел ја нема таа можност

(ФОТО) Мицкоски беше во Тирана на отворање на новите канцеларии на Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, жали што во Пиринскиот дел ја нема таа можност

Во Тирана денеска во присуство на голем број Македонци од Албанија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер,  Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, на покана на Македонско здружение  „ВМРО-ДПМНЕ Албанија" присуствуваа на отворање на новата канцеларија на ова здружение.

Мицкоски во обраќањето пред присутните ја нагласи и можноста на Македонците во Албанија да имаат свој клуб, можност за здружување, можност слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција, можност што ја немаат Македонците во Пиринскиот дел на Бугарија.

„Македонците во Пиринскиот дел ја немаат оваа можност да се организираат, во 21 век се спречени да регистрираат невладино здружение, не можат да зборуваат слободно за својот македонски идентитет. Ние сме вредни, трпеливи и умни и ве уверувам дали сега или во периодот којшто следи, ќе дојдеме до таа цел“, посочи Мицкоски.

Тој е импресиониран дека Македонците во Албанија го негуваат јазикот. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски


Слично

Поврзани вести