Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО МЕЏИТИ И ОСМАНИ ПРЕДИЗБОРНО СИ ДОНЕСОА АРХИТЕКТИ: Двајцата најавуваат нов лик на Чаир

ФОТО МЕЏИТИ И ОСМАНИ ПРЕДИЗБОРНО СИ ДОНЕСОА АРХИТЕКТИ: Двајцата најавуваат нов лик на Чаир

Кандидатите на ДУИ и Вреди за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи и Изет Меџити си најдоа архитекти од странство за да ја средат општината. 

Османи го прошета светски познатиот архитект Мишел Ројкинд низ Чаир, од кого очекува долгорочен план за развој и урбанизација. 

„Денеска со Ројкинд прошетавме низ Чаир. Го слушав внимателно додека ги анализираше улиците, просторот и луѓето. Заедно работиме на визија за урбана преродба на Чаир. Конечно ќе добие долгорочен план за развој и урбанизација“, напиша Османи на социјалните мрежи. 

Меџити пак, се пофали дека светски познатиот архитект Бајрам Вардар ќе го изработи архитектонскиот Мастер План за развој на Чаир. 

Во видеото кое Меџити го објави на социјалните мрежи, Вардар вели: “Слично на Истанбул или Бурса, предизвиците и тука во Чаир се слични. Ние сме биле и во Барселона, и тој град претрпе реновирање. Ќе изработиме Мастер План за Чаир, заедно со граѓаните и додатно ќе изработиме план за имплементација. Потоа ќе ги развиеме и столбовите на овој Мастер План.”

Слично

Поврзани вести