(ФОТО) Мечка уништи цел имот во долнореканскиот крај
Гладна мечка по доцните вечерни часови го уништила целиот пчеларник на Боре Божиновски од селото Битуше што се наоѓа во долнореканскиот крај во близина на Маврово, односно на Бигорскиот манастир.
Пчеларникот е во близина на самата куќа на жителот, кој ги објави фотографиите на телевизија Сител, а мечката во потрага по храна ги урнала параваните и ги уништила живеалиштата на пчелите.

- Пчеларникот е на само неколку метри од куќата. Имаме поставено алармен систем и двојна ограда со бетонски столбови и табли од лим, но вакво нешто до сега не сме виделе, раскажува за Сител Боре Божиновски, сопственикот на имотот.

Слично
