Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) МАРШ НА ЦРВЕНИ ЧАДОРИ: Сексуалните работнички кажаа „Стоп на насилството“

(ФОТО) МАРШ НА ЦРВЕНИ ЧАДОРИ: Сексуалните работнички кажаа „Стоп на насилството“

Денеска во центарот на Скопје пат се одржа маршот на сексуалните работнички за нивните права.


Маршот почна пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза на ул. Македонија.


Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР, во рамки на кампањата за одбележување на 17-ти декември, Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници веќе неколку години одржува традиционален Марш на „црвениот чадор“ кој годинава се одржува по 12-ти пат.


– Оваа година, кампањата по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници ја посветуваме на борбата против родово-базираното насилство. Искуствата и статистиките во светот и кај нас покажуваат дека жените и трансродовите сексуални работници се најмногу изложени на насилство во секоја форма. 


Голем е бројот на сексуални работници кои секојдневно трпат физичко и психичко насилство, но малкумина од нив се охрабрени истото да го пријават во полиција. Насилството, нападите, злоупотребувањата и нееднаквиот третман врз сексуалните работници мора да се елиминираат, а тоа ќе го постигнеме само ако сексуалните работници се третираат еднакво пред законите и се почитуваат нашите човекови права и слободниот избор, соопштија од Здружението за поддршка на маргинализирани работници, СТАР-СТАР.


Фото Фактор: Вангел Тануровски

Слично

Поврзани вести