Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: Макрадули го „реши“ ФИРОМ

Фото: Макрадули го „реши“ ФИРОМ

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули присуствуваше на отворањето на високиот сегмент на 23-та Конференција на страните на Рамковната конвенција на ООН за климатски промени (COP23) во Бон.

На фотографија објавена на сајтот на Министерството за животна средина се гледа дека Макрадули со лист хартија го покрил делот  каде пишува Бивша југославенска, и останало само Република Македонија. 

На овој сегмент од Конференцијата, кој ќе трае денес и утре, присуствуваат шефови на држави или шефови на влади, министри и други шефови на делегации кои имаат можност да дадат триминутна изјава за националните достигнувања во однос на реализацијата за целите од Парискиот Договор за клима.

Слично

Поврзани вести