Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Македонските полицајци ќе обујат италијански чевли

ФОТО: Македонските полицајци ќе обујат италијански чевли

Во магацинот на МВР пристигнале 8.000 пара чевли со тенок ѓон од италијанскиот производите „Гриспорт“, фабрика што инаку ги снабдува и полициите на повеќе земји од ЕУ, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. За чевлите платиле 25.520.000 денари без ДДВ (415 илјади евра). Излегува дека еден пар чини по над 3.000 денари или по 50 евра. Дополнително, од италијанскиот „Гриспорт“ ќе се купат 10.000 пара чевли со дебел ѓон, а вкупната вредност на набавката изнесува 37.000.000 денари без ДДВ, како и 10.000 пара полувисоки чевли, набавени преку производителот „Дермал“ од БиХ, со вкупна вредност на набавката од 42,8 милиони денари без ДДВ. 


„Испораката на оваа опрема се очекува да биде реализирана во наредниот период. Наскоро се очекува испораката и на 2330 флуоросцентни елеци, 8000 маици, 8000 виндјакни, 20000 кошули... Нови униформи пред неколку месеци добија Единицата за брзо распоредување, Единицата за обука и поддршка и Интервентната полиција, а во изминатиот период беа обезбедени пловни објекти и мотоциклистичка опрема за полицијата, велат од МВР. 

Информираат дека во наредниот период ќе продолжат со реконструкција односно реновирање на полициските станици.

Слично

Поврзани вести