Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Македонските фудбалери заминаа на ЕП во Букурешт, средбата со Заев не се оствари

(ФОТО) Македонските фудбалери заминаа на ЕП во Букурешт, средбата со Заев не се оствари

Македонската фудбалска репрезентација утрово ја напушти својата скопска база, хотелот „Хилтон“ упатувајќи се кон Букурешт, каде од денеска ќе се подготвува за ЕВРО 2020, а истовремено таму ќе ги игра трите средби против Австрија, Украина и Холандија.

„Националниот тим на пат кон Букурешт го испратија и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини како и генералниот секретар Филип Поповски, искажувајќи силна желба за мирен тек на подготовките и во Романија и успешни настапи на Европското првенство“, соопшти Фудбалската федерација на Македонија

Инаку, македонските фудбалери не дочекаа прием во Владата иако премиерот Зоран Заев го најави тоа. Сејдини не е во добри односи со Владата и им забрани на најдобрите македонски фудбалери средба со премиерот.

Националниот тим за прв пат ќе настапи на едно фудбалско Европско првенство и за прв пат воопшто на едно големо натпреварување.


Слично

Поврзани вести