Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: Македонскиот под албанскиот на 16 годишнината од Рамковниот

Фото: Македонскиот под албанскиот на 16 годишнината од Рамковниот

Под покровителство на собранискиот спикер Талат Џафери и министерот Хазби Лика се одржа одбележување на 16 годишнината од потпишувањето на Охридскиот мировен рамковен договор со кој се гарантираше подобрување на малцинските и етнички права во Република Македонија и потоа запреа воените дејствија на УЧК. Во изминатите години претежно Рамковниот договор го користеше албанскиот политички фактор да докаже пред своето гласачко тело за што се има изборено. 

Сепак, одбележувањето не помина без суптилни контроверзии. Македонскиот јазик беше ставен под албанскиот на натписот пред кој се држеше говор каде англискиот јазик стои најдолу. 

Исто така логото на одбележувањето суптилно асоцира на територијата на Голема Албанија или барем регионите каде мнозинство има албанско население со неколку ѕвезди и гулаб како симбол на мирот. Можеби симболиката беше во одредена доза провокативна и триумфалистичка но, барем пораките на говорниците беа позитивни.

„Овој документ, како и е насловен, беше само една основа, рамка над која се извршија уставните измени и законските реформи, кои нивното спроведување го наоѓаа во областа на децентрализацијата, на праведното и соодветното застапување, на посебните парламентарни гласачки постапки со коишто се штитат заедниците кои не се мнозинство од надгласување, во областа на образованието, употребата на јазикот, симболите, изразувањето на културниот и етничкиот идентитет, како и мерките за спроведување на тие измени“, изјави Талат Џафери.

Во пресрет на донесувањето на законот за јазици пак првиот човек задолжен за спроведување на договорот Хазби Лика порача дека новата влада е на вистинскиот пат и дека токму новиот закон треба да ја допрецизира употребата на албанскиот јазик. 

„Со одобрување на законот за употреба на јазиците, кој наскоро ќе треба да се прифати, те донесе од страна и на парламентот, сегашната влада покажува дека сме на прав пат кон реализација на реформите и понатамошната демократизација на државните институции“, изјави Лика.

Дека соработката треба да продолжи визионерски, но и со ладни глави порача и пратеничката Фросина Ременски.

Македонскиот премиер Зоран Заев не беше присутен меѓу гостите од земјава и странство, но затоа таму беше лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Слично

Поврзани вести