(ФОТО) Македонски град од утрово во снежна идила
Од утрово на повисоките места во дел од Македонија има снег. Фактор има фотографии од Дебар каде жителите се разбудија во снежна идила.

Според Управата за хидрометеоролошки времето денеска претпладне ќе биде облачно со повремени врнежи кои и на некои пониски места ќе се менуваат од дожд до снег. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Повремени слаби врнежи од снег ќе има и на повисоките делови од Скопската котлина. Во пладневните часови врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието.

Слично
