Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Maкедонија и Балканот под снег

(ФОТО) Maкедонија и Балканот под снег

Македонија и Балканот се под снег. 

Во земјава има ниски температури, застој на патишта и снежна покривка над 20-тина сантиметри. Најмногу снег денеска има во Маврово, Крушево, Битола, а во Скопје се уште е релативно суво, освен на некои повисоки места. Снегот предизвика застој на патиштата, особено на преминот кај Стража, и планинскиот премин Ѓавато. Студениот бран ќе се задржи и по почетокот на наредната недела, до кога ќе се задржат и минусните температури.

Сообраќаен колапс има во српскиот главен град Белград, населби во Сараево се без електрична енергија, а силна бура има во Сплит.

Во Босна и Херцеговина, каде што снегот денеска постојано паѓа, полицијата ги исклучува од сообраќај сите товарни возила кои немаат соодветна зимска опрема. Поради снежното невреме, жителите на 20-на населби во општината Источно Сараево од утрово се без електрична енергија поради прекин на далновод, како последица од силниот ветер и снежните врнежи.

Хрватското крајбрежје пак, е зафатено од силна бура, посебно градот Сплит. Ветрот се движи со брзина и до 100 километри на час, поради што е прекинат морскиот сообраќај. Пожарникарите денеска отстранувале паднати дрвја, а материјална штета има на повеќе згради. 

фото 24sata

Слично

Поврзани вести