Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ЛОКАЛИТЕ НА РАБОТАТ, АМА КАФЕ ВО ДРУШТВО ПАК СЕ ПИЕШЕ - дали мерките ќе дадат ефекти

(ФОТО) ЛОКАЛИТЕ НА РАБОТАТ, АМА КАФЕ ВО ДРУШТВО ПАК СЕ ПИЕШЕ - дали мерките ќе дадат ефекти

Прв викенд како не работат угостителските објекти, но граѓаните желни за дружење и по се изгледа се уште недоволно информирани за големото ширење на коронавирусот и тешката форма на болеста што тој ја развива, сепак не се откажуваат од претпладневното кафе на сонце со пријателите.

Па така, во близина на Буњаковец, кај училиштето „Песталоци“, пред еден скопски локал кој не работи и е затворен, како и сите други угостителски објекти со одлука на Владата, сепак се пиеше кафе.

Всушност, од фотографиите до кои дојде Фактор, повеќе граѓани се собрани пред локалот и пијат кафе за носење, или таканареченото To go кафе, кое не е забрането, односно на локалите им е дозволено да продаваат само такво кафе, но не и да послужуваат посетители кои би седеле внатре во локалот.

Досетливите граѓани треба да размислат дали оваа забрана е за добро на цела држава, или е најбитно како да се фати „кривина“ и да не се остане без саботното кафе со друштво.

Слично

Поврзани вести