(ФОТО) Куманово до доцна вечер го чистеше свлечиштето
Јавните претпријатија од Куманово до подоцнежните вечерни часови го чистеа страничното свлечиште на улицата „Титова Митровачка“ по поројниот дожд што го зафати градот попладне и непрекинато врнење речиси еден час со силен интензитет и силни електрични празнења.
- Во тек е чистење на јавните патишта и површини по денешните обилни врнежи од дожд. Дежурните екипи на ЈП "Чистота и зеленило" и ЈП "Водовод" се на терен, чистењето ќе трае до доцните вечерни часови. Утре ќе следува санација на оштетените коловози на различни локации во градот и расчистување на свлечиштата, објави градоначалникот Максим Димитриевски.
Покрај тоа имаше и поплавени објекти, а екипите на терен ја црпеа водата од поплавените простори.

Слично
