Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Крешник Бектеши ужива со семејството во празнична домашна атмосфера

(ФОТО) Крешник Бектеши ужива со семејството во празнична домашна атмосфера

Министерот за економија Крешник Бектеши ужива со семејството во празнична атмосфера.

Тој на социјалните мрежи објави неколку фотографии со сопругата и децата во пресрет на Новогодишните празници.

Крешник Бектеши има завршено високо образование Применети уметности и науки претприемништво и развој на бизнис на Рочестер институтот на технологија во Њујорк, каде во 2008 година се стекнува и со звање бачелор на науки Применети уметнсти и науки (Менаџмент и бизнис администрација).

Како што се наведува во биографијата испратена со предлог-составот за влада во 2012 година магистрира на Универзитетот Шефилд во Солун на Менаџмент и стратегија – Логистика и менаџирање на ланец на набавки.  

Работел во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз на Република Македонија, а бил економски промотор во Швајцарија во периодот од јули 2016 до јануари 2017 година.

Бил економски промотор и во Белгија, во периодот од април 2011 до јули 2016 година.

Совршено зборува англиски, албански и македонски јазик, а има добро познавање на турски и другите јазици од регионот.


Слично

Поврзани вести