(ФОТО) Костадин Костадинов: Ја крунисавме нашата љубов со брак
Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов на социјалните мрежи објави фотографии од свадбата.
„Ја крунисавме нашата љубов со брак. Зад нас оставивме одличен забавен ден, поминат со луѓе кои навистина знаат како да се радуваат на нашата среќа, пред нас следува нова страница од животот. Ова е страница на голема одговорност, но и на вистинската смисла на животот. Мојата најважна улога отсега е да бидам сигурен столб и заштитник на моето семејство. Со срца полни со мир и благосостојба, сега го чекаме нашиот Никола да дојде на овој свет и целосно да ни го комплетира животот“, пишува тој.



Слично
