(ФОТО) Кој се од Владата дојде на струмичкиот карневал
Вицепремиерот Кочо Анѓушев, шефот на дипломатијата Никола Димитров, но и министрите Љупчо Николовски и Венко Филипче беа дел од карневалската треска која ја зафати Струмица.
Тие заедно со премиерот и првата дама на Владата уживаа во дефилеата на карневалските маски.

Струмички карневал - без маски, ама со мерак и насмевки - Ги бркаме лошите!“ - напиша на Фејсбук министерот Димитров.
Покрај нив гостин на карневалот беше и евроамбасадорот Сејмуел Жбогар.

Шаренило од бои ја опседнаа Струмица а традиционалниот маскенбал се одржа во хотелот „Сириус“
Кирил и Билјана Ахтарови од Струмица ја имаа честа да бидат избрани за принц и принцеза.
Слично
