(ФОТО) КОБНО ПРЕМИНУВАЊЕ НА ПРУГА КАЈ КУМАНОВО: Тројца загинати при удир на воз во „голф“
Три лица од Скопје загинале денеска кога товарен воз удрил во автомобил „голф“ во близина на Куманово, потврди полицијата.
Како што пренесоа локалните медиуми, несреќата се случила околу пладне на обележан железнички премин помеѓу железничките станици „Куманово“ и „Романовце“.
Жртви во несреќата се возачот на голфот и двајца сопатници, додека еден сопатник успеал да излезе пред возот да го удри автомобилот.

Фото: тв21
Слично
