(ФОТО) КИЛОМЕТАРСКИ КОЛОНИ НА ЕВЗОНИ: Македонците празнично во Грција
Последниот викенд од август многумина решија да го поминат на плажите во соседна Грција.
Иако од Автомото сојузот велат дека нема долги задржувања на граничните премини за излез од земјава, тврдењата и фотографиите го покажуваат спротивното.
Километарски колони, свирежи и нервози кај патниците поради долгите задржувања.
„Веќе два часа стоиме во место во меѓупросторот. На Богородица веднаш поминавме, нема застој, но никако да влеземе во Грција, велат читатели за Фактор.
„Овде е хаос, возила преминуваат по тревните површини сакајќи да фатат побрза лента, но таква лента, за жал, нема. Сите ленти стојат. Од време на време се слушаат долготрајни свирежи упатени како револт кон грчките цариници“, пишуваат во пораките пратени до нашиот сајт бројни читатели.
На останатите патни правци сообраќајот се одвива по суви коловози.
Препораки до возачите да ја почитуваат патната сигнализација, внимателно возење, прилагодена брзина на движење.
ФОТО: ФАКТОР


