Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Кампување во Жена парк: Ќе покажат ли слух политичарите за децата со посебни потреби?

(ФОТО) Кампување во Жена парк: Ќе покажат ли слух политичарите за децата со посебни потреби?

Трет ден родителите на децата со посебни потреби кампуваа пред Собранието во Жена парк.

Тие бараат институциите да покажат слух за нивните најмили и да обезбедат подобри услови за живот на оваа категорија граѓани.

Изминативе ноќи тие спиеја на отворено небо и минусни температури а поддршка вчера добија од пратениците на СДСМ .

Добија и низа ветувања од политичарите а пратеници во координација со надлежните министерства, Фондот за здравство и пратеници формирале и работна група, која ќе инсистира во рамки на институциите да се профункционира посебен сектор кој ќе ги решава нивните проблеми. 

Сепак тие собираат 10.000 потписи за да иницираат законски измени и бараат отворање на дневни центри и вработување на соодветен персонал.

Министерот за труд и социјална политика Ибрахими, им порача дека барањата адресирани до Министерството ќе бидат прифатени, а некои од родителите имаа разговори и со претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.


Собирот е организиран од здружението „Сплотени срца“ откаде што велат дека целта им е да бидат видливи за политичарите и да ги запознаат истите со секојдневните проблеми на овие деца. 

Слично

Поврзани вести